Dream. Plan. Do.

ЗА НАС

The Daydream.Co е македонски бренд основан во 2017 година од Нина и Теа Тевеви со цел да внесе инспирација и стил во секојдневното модерно живеење, придонесувајки кон личниот развој, продуктивноста и остварување на целите на секој од нас.

Секој производ од постојано растечката палета е дизајниран со посебен фокус кон квалитетот, огромна љубов кон деталите и ја пренесува приказната и автентичноста на брендот.

Годишните планери за личен развој “The Daydream Planner” се првиот производ креиран од нашиот бренд и досега имаме реализирано 6 колекции на годишни планери и 4 колекции на недатумирани планери кои во својата содржина вклучуваат докажани вежби и алатки кои целат кон ослободување на креативноста и поттик на личната систематизираност и организација.

Дневникот за рецепти е прв производ од категоријата тематски производи на македонски јазик. Дневникот е наменет за сите љубители на готвењето и содржи простор за сите омилени рецепти, внимателно систематизирани по категории. Секој од нашите производи доаѓа во брендирана кутија, а истите можете да си ги купите и во книжарниците на Литература во Скопје и Битола и книжарниците на издавачки центар ТРИ.

Благодариме што сте дел од нашата водечка инспирација – да создадеме производи со кои секој ќе може да се поврзе на свој автентичен начин и ќе бидат неразделен дел од Вашето секојдневие.

Ваш,
TD тим

Testimonials

Квалитетот е одличен, боите се така нежно суптилни и смирувачки. Баш има се она што сакав да има (приоритети, финансии, личен раст, добро распоредени денови). Боиве и креативноста на корицава се предобри!! Бравооо!! Заслужувате добра препорака и многу светла и успешна иднина!!

Ангела Пејовска

Толку ми е преубав... ❤️ и ме исполни со позитивна енергија планеров, и ме инспирира да сакам навистина да испланирам се сега 😁

Даниела Трајановска

За себе знам дека секоја година го чекам моментот за да го порачам планерот! Од првата година кога започнавте и еве со нетрпение го очекувам 🙂 радост како дете со новогодишно пакетче! 🤗

Марија Јовановска

Здраво, сакам прописно да Ви се заблагодарам за планерите. Се заљубив ❤️ Грижата со која беа испорачани, како беа пакувани, дизајнот на корицата, совршениот распоред внатре 😍 Од мене имате големо БРАВО! Повеќе не би купила друг планер.

Марина Георгиева

Сто пати сум пробувала да водам планери разни и никогаш не ми успеало ко оваа година кога го земав вашиов за 2020. Немав појма колку не се познавам самата себе внатрешно, а со пишувањево во планеров го постигнав конечно тоа. You go girls !!!!

Стефанија Дејановиќ

The Daydream Co. е македонски бренд основан во 2017 година кој низ страниците на своите внимателно дизајнирани производи има за цел да придонесе кон организирано и продуктивно секојдневие.

КОНТАКТ

Нема производи во кошничката.